Глобална недела на претприемаштво (17-23 Ноември 2008) претставува глобален настан чија цел е отпочнување на идеи за претприемаштво на младите луѓе и адресирање на најголемите општествени тематски идеи за намалување на сиромаштијата преку климатските промени. Повеќе од 70 земји се во тек да потпишат за спроведување на нивна сопствена верзија за неделата на претприемаштво. Овој настан за прв пат ќе се одржи во Македонија и повеќе од 30 организации ќе спроведат настани и активности за да ги охрабрат луѓето за реализирање на нивните сопствени идеи. Ова може да започне нов бизнис или општо претприемништво или да се реализираат идеи на работното место.
Доколку имате прашања за Неделата на Претприемаштво, проверете ја страната Прашања.
Подразбираме да се има идеа и нивно реализирање. Вештините кои ги уптребуваме за да го објасниме претприемаштвото се:
креативност
решавање проблеми
ризикување
финансиска способност
снаодливост
иницијативност
продавање идеи
Младите луѓе нивните вештини за претприемаштво може да ги употребат во многу области од нивниот живот: на работа, дома или во образованието. Сите овие важни способности ќе му помогнат на човекот да ја оствари својата цел.
Проектот за зајакнување на претприемништвото, конкурентност и иновација (ЗПКИ) ( www.seciproject.org.mk ) и Претприемачкиот сектор за млади (ПСМ) Фондација (www.yesincubator.org.mk ) се двете организации кои ќе работат на организирање и поддржување на овој настан во Македонија. Двете организации ќе работат на мотивирањето на луѓе кои имаат идеи за нивно спроведување. Целта е креирање на култура која ги поддржува луѓето од претприемаштвото и можноста за препознавање дека правењето пари и имањето позитивно влијание врз општеството одат рака под рака.
Потребни се луѓе и организации кои ќе помогнат во креирањето на претприемаштвото кое дозволува однесувањето за претприемништвото да расте. Важно е луѓето да веруваат во себе и да настојуваат за реализирање на нивните идеи, така што понекогаш им е потребна помош и охрабрување.
Патот до одгледување на талентот за претприемништво е потребно бизнис, образование, влада, волонтерски организации и медија за да работат заедно – ниеден поединечен сектор или организација може изолирано да креира можности брз база на овие амбиции.
Неделата на претприемништво е одлична можност за прикажување што стотици организации веќе преку цела година помогнаа во надградувањето на културата на претприемништво или алтернативно пуштање на нови иницијативи или планови. Погледнете ја нашата страна за информации за одлични идеи за настан.